Значењето на Гоце Делчев
Гоце Делчев (1872-1903) е еден од најголемите
револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер na ТМОРО, подоцна преименувана во ВМРО.
Неговото мото беше: Подобро на бесилка, отколку да трпам предавници и шпиони!
Појавата на Гоце Делчев на македонската историска сцена е поврзана со неговата генијалност, со неговото грандиозно дело, кое претставува печат на времето во кое живееше и дејствуваше. Тој и неговата револуционерна генерација изникнаа од народот и успеаја да проникнат во сите негови желби, стремежи и интереси. Против стегите на тоа вековно ропство се изрази настојувањето за реализација на националната и социјална слобода, како единствен излез за да се стане целосен господар на сопствената земја. Гоцевата големина е во неговата саможртва за татковината која толку многу ја љубеше, во желбата за ослободување на народот за кого дишеше. Автономна македонска држава беже неговиот најголем сон кој го преточи во ореол на признание и почит. Неговото име стана поим, легенда, синоним за непокор и непрегор, вечен патоказ вткаен во свеста на македонските народни маси. Тоа допре и до последното катче на Македонија и стана симболот и знамето околу кое измачениот Македонец ги вплете сите свои надежи и стремежи за слободен и достоен човечки живот.
Гоце и денес е жив во нашиот незаборав!
Гоце и денес е жив во нашиот незаборав!





