ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ХЕРОЈОТ КОЈ ВЕРУВАШЕ
Херои
- така се нарекуваат само најхрабрите луѓе. Оние кои одат на сè или ништо. Оние
кои би направиле сè, само за да го постигнат тоа што го сакаат.
Гоце
Делчев - еден од хероите! Се борел за слобода на нашата земја. Еден од оние кои
придонеле ние денес да уживаме во сонцето на слободата.
Гоце поседувал дел од најважните работи што
може еден човек да ги има: упорност, храброст, желба... Знаете ли како е да
сакате нешто, а да бидете спречени? Тоа е она за чие остварување е потребна
упорност. Повеќето луѓе кога ќе наидат на оваа пречка, се откажуваат од својата
цел и останува само да мечтаат за неа. Но, Гоце не бил како нив! Само со
напорна работа може да се постигне тоа што се сака. Никогаш не треба да се
откажуваме. Секогаш кога ќе помислиме да се откажеме, да размислиме зошто сме
започнале. Тоа е поттик за храбри дела!
Еднаш Гоце рекол: ,,Труд и постојаност, тоа е силата со чија помош човек станува најголем при секоја иницијатива”. Дали знаете на што сака да нè поттикне со оваа мисла? Знаете ли што сака да каже со ова? Да бидеме упорни, бидејќи со работа се постигнува сè!

No comments:
Post a Comment