Tuesday, May 13, 2014

ПЕСНИ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ХЕРОЈОТ

Ах, таа слобода,
толку блиску, а сепак далеку.
Замислувам битка,толку мрачна,
што ни Сонце не би ја осветлило,
а сепак постои тој,
оној што ќе не извлече од темнината.


Многу крв им ги испрска лицата
и секој од нив се покажа,
но сепак, тој од сите нив
најмногу се докажа.

Некој само омраза чувствува,
а некој со восхит го погледнува.
Но, таков е светот, суров и тажен,
секој кон различна страна се наведнува.

И дојде тој ден,
тој мрачен ден -
кога го достигна својот врв.
Еден нож, остар и сјаен,
се забоди во неговиот грб.

Тој падна, ја бакна земјата со своите усни
и рече дека живееше и ќе умре
за својата татковина.

И иако веќе мртов и студен,
непријателот ја почувствува
неговата жештина -
и секаде каде што имаше ладовина.

ПЛАМЕНОТ НА ПАТРИОТИЗМОТ

По патишта стрмни
Гоцева чета неуморно ита,
во срцата-љубов кон родната земја,
во очите пејзажи мили,
собираат сили -ќе одат в бој,
ќе бранат мајка-земја,
ќе осветлат народ свој.

На бојното поле
очи в очи со Турчинот жеден,
ни страв, ни трепет,
желба за одмазда-
македонско воскресение,
спас за идното поколение.

Пушка преку рамо,
чекори по земјата мила,
гази преку трупот на
противникот мртов,
трагата негова е вечна
и стапките блескаат свето,
за секој да знае и да рече:
-Гоце раните ги излече
и Македонија ја осветли
со пламенот на патриотизмот
што од срцето му блескаше.



ДЕЛЧЕВ – ЈУНАК МАКЕДОНСКИ

Еј, ти, јунаку Делчев,
бесмртен херој славен,
се бореше храбро, смело,
а ние го славиме твоето дело.
Во земјата македонска ти се роди,
твојата храброст во нас гори.
За слобода мила, за слобода света,
се бореше ти во зими и лета.
Против крвникот клет,
крена гордо глава.
Твојот херојски глас,
во села и градови
 ти донесе слава.
На чекор до слободата,
во крвав,тежок бој,
оловни зрна врнеа жешко,
куршумот го згасна животот твој.


ВО НЕЗАБОРАВ

Непријатели клети болка нанесоа вечна,
убавината на слободата ја зедоа.
А народот страден, за слобода гладен,
во борбата ја чекаше вистината.
Младоста не ја жалеа,
синџирот на ропството го раскинаа,
 светлина и непокор бараа,
темнината упорно ја параа.

Мрак народ заробува,
на борба мисла повикува,
измачен народ болен
да раскине синџир голем.
Младост нежна прежалена,
земја кон победа упатена.
Хероите животите не ги жалеја,
татковината на пиедесталот ја ставаа!



No comments:

Post a Comment